Шеќерна болест или ( diabetes mellitus ) е хронично системско
пореметување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, т.е.
трајно зголемување на нивото на глукоза во крвта. Генерално е условен од
наследни фактори, а настанува како последица на намалено излачување
или намалено биолошко дејство на хормонот инсулин, односно во комбинација на
овие два фактори. Тој недостаток ја попречува размената на јаглени
хидрати, масти и белковини во организмот (што се манифестира со карактеристични
тегоби), а по подолго време влијае и на структурата и функцијата на крвните
садови, нервите и другите витални органи и органски системи.
Дијабетесот денес се вбројува меѓу најчестите ендокринолошки
заболувања, со тенденција на зголемен пораст (особено во развиените земји на
светот).
Тоа е последица на модерниот стил на живот и зголемениот број на надворешни етиолошки предизвикувачи, меѓу кои посебно се издвојува претераниот вишок на килограми.
Тоа е последица на модерниот стил на живот и зголемениот број на надворешни етиолошки предизвикувачи, меѓу кои посебно се издвојува претераниот вишок на килограми.
Шеќерната болест најчесто се јавува во поодмината животна
возраст како последица на општите дегенеративни и склеротични промени во
организмот (кои го зафаќаат и панкреасот), а кај младите лица може да настане
поради генетски пореметувања или оштетувања на панкреасот кај одредени заразни
заболувања.
No comments:
Post a Comment