Како
се лекува шеќерната болест?
Основно во лекувањето на оваа подмолна хронична болест е
здравиот начин на исхрана и вежбањето.
Примарно оружје во
борба против оваа болест кое го препорачува секој лекар е диетата.
Доколку и после оваа диета гликемијата на
гладно е покачена над дозволените граници, тогаш лекарот е должен да препорача
орална таблетарна терапија, а тоа се дериватите на сулфонилуреа кои што
вршат стимулација на бета-клетките да лачат инсулин и другата група т.н
бигваниди кој што дејствува на подобро искористување на глукозата од
периферните ткива.
Доколку
и на овој начин лекарот не успее да ја доведе под контрола шеќерната болест
тогаш се употребува најсилното оружје - секојдневната примената на хормонот инсулин кој
денес најчесто е од хумано потекло и може да биде со кратко, средно и долго
дејство. Тој е пакуван во специјални пенкала и се аплицира исклучиво поткожно
(субкутано) најчесто во надколеницата, надлактицата и стомакот. Најчесто се
користи инсулин со средно дејство кој се аплицира двапати на ден со тоа што
наутро се зема ударна доза додека вечерната доза не треба да биде поголема од
1/3 од утринската доза.
Последици
од нелекувана шеќерна болест?
Лицата кои подолго време боледуваат од шеќерна болест имаат
зголемен ризик од појава на хронични компликации и тоа како последица на
нерегулираниот шеќер во крвта.
Тие компликации можеме да ги поделиме во две групи и тоа како:
* микроангиопатии (оштетување на малите
крвни садови) и
* макроангиопатии (оштетување на големите крвни садови).
Во првата група на микроангиопатии можеме да
ги спомнеме: дијабетичната ретинопатија (оштетување на
капиларите во мрежницата во окото и опасност од појава на катаракта (перде) и
слепило), дијабетична нефропатија(оштетување на гломеруларното
капиларно корито (гломерулосклероза) со потенцијална опасност од појава на
бубрежно затајување (ренална инсуфициенција).Третиот тип од микроангиопатиите е
појава на дијабетична невропатија (оштетување на капиларите кои ги
хранат со крв нервните стебла, а со тоа доведуваат до нивно
изумирање(денервација) и нивна нарушена функција со појава на силни болки во
нозете,нарушено чувство на допир и атрофија на мускулите).
Од макроангиопатиите треба да се споменат
појавата на: коронарна артериска болест на срцето со огромна
можност за појава на инфаркт, периферна васкуларна болест(затнување на
артериите најчесто на нозете и појавување на гангрена), висок притисок(хипертензија)
која е 3 пати почеста кај болните од оваа болест и цереброваскуларна
болест со можност за појава на тромбоза (затнување) на
крвните садови во мозокот но не е исклучена и можноста од мозочно крварење кое
може да биде со фатален исход.
No comments:
Post a Comment